REGISTRUJTE SE NA: http://emdt.forumsr.com/

Ukoliko volite telenovele, registrujte se na: http://emdt.forumsr.com/ jer ovaj forum više ne radi.
 
HomeHome  PortalPortal  FAQFAQ  SearchSearch  MemberlistMemberlist  RegisterRegister  Log in  GalleryGallery  CalendarCalendar  
Forum je zatvoren. Ukoliko volite telenovele, registrujte se na: http://emdt.forumsr.com/

Share | 
 

 Sto e ASTA? posle megaupload sledi sve ostale :(

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
ilce
TVNovele VIP član
TVNovele VIP član


Broj postova : 2665
Godina : 31
Fan-gif :
Lokacija : Makedonija

PostSubject: Sto e ASTA? posle megaupload sledi sve ostale :(   Wed 8 Feb 2012 - 10:30

IZVINJAVAM SE STA NISAM PREVELA
TEKST JE PREUZMEM OD MAKEDONSKI FORUM TVPAKET

SUSTINA JE-NAKON ISKLUCENJE MEGAUPLOAD SPREMA SE NOVI ZAKON -ASTA- SA KOI INTERNET PROVAJDERI CE MOGU DA SPIUNIRAJU SVOJE KORISNICE 24/7 I SVAKO KOI POSTAVLJA VIDEA, MUZIKE ILI SLIKE (ILI CAK KADA KORISNICI MEDJUSOBNO ISPRATE OVAKVE SODRZINE PREKU CHAT ILI EMAIL) KOI NISU VASA KORISNIK DOBIJA OPOMENA, ZA 3 OPOMENE KORISNIK SE ISKLUCUE IZ INTERNETA A MOZE DOBITI I ZATVORSKA KAZNA.
ZASADA OVOJ ZAKON NIJE USVOJEN U EU, NI U MAKEDONIJA (ALI AKO USVOJU U EU, VALJDA NASE VLADE SLEDECE NJIHOV PRIMER)
NA OVI SAJTOVI MOZETE DA VIDITE STA JE TACNO OVAJ ZAKON I KAKO MOZITE DA PRIDONESITE ZA NJEGOFO OTFRLANJE

http://www.stopacta.info/

http://www.stopp-acta.info/
MOZETE PISATI CLENOVE KOMISIJE EVROPSKOM PARLAMENTA KOI TREBA DA DONESE ODLUKU OKO OVAJ ZAKON

https://memopol.lqdn.fr/europe/parliament/committee/INTA/
https://www.laquadrature.net/wiki/How_to_act_against_ACTA#Who_to_contact




Од ноември 2011 па наваму, во американскиот Конгрес се актуелни два контроверзни предожени закони за борба против пиратеријата, Stop Online Piracy Act или SOPA и Protect Intellectual Property Act или PIPA.

Со SOPA и PIPA се отвораат вратите за блокирање на странски веб сајтови кои се занимаваат со нелегална дистрибуција на дигитални содржини кои се произведени во САД, но истовремено им дава одврзани раце на компаниите кои ги произвеле истите тие дигитални содржини да ги тужат сопствениците, уредниците и одржувачите на истите тие странски сајтови, но уште поважно, им се даваат одврзани раце на истите тие компании да побараат блокирање на истите тие странски сајтови без право на приговор од сопствениците, уредниците и одржувачите на сајтовите.

Но Интернет заедницата од САД во овие предложени закони гледа нешто повеќе од борба против пиратеријата, а тоа е обид за цензурирање на Интернетот, поради што во јануари 2012 се одржа Интернет потемнување во кое учествуваа Гугл, Википедија и ред други познати веб сајтови кои ги блокираа своите содржини или објавија предупредувања за опасностите кои SOPA и PIPA ги носат со себеси. Поради се погласниот револт на граѓаните на САД и се почестите протести, дебатата во американскиот Конгрес за SOPA и PIPA беше прекината, но истата е планирана да продолжи во февруари 2012 по што треба да се гласа за овие предлог закони.

И додека изгласувањето на SOPA и PIPA во американскиот Конгрес засега е неизвесно, Интернет заедницата не само од САД, туку од целиот свет, се соочува со поголема опасност, а тоа е меѓународниот договор против фалсификувањето Anti-Counterfeiting Trade Agreement или ACTA. Иницијатори на овој меѓународен договор се владите на САД и Јапонија, но кон истиот веќе имаат пристапено повеќе држави од целиот свет, како што се Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Сингапур, сите држави членки на ЕУ со исклучок на Германија, Холандија, Словачка, Естонија и Кипар, како и ред други држави.

Мексико и Швајцарија засега преговараат за пристапување кон ACTA, но сеуште го немаат потпишано и ратификувано договорот.

ACTA со себеси носи уште поголеми рестрикции и казнувања за разлика од SOPA и PIPA.

Како за почеток, ACTA ги обврзува Интернет провајдерите да ги набљудуваат, или подобро кажано, да ги шпионираат сопствените корисници 24/7. Било каков вид на Интернет комуникација - електронска пошта, chat муабетење преку некој IRC клиент или преку Voice Over IP клиент, закачени и симнати содржини, во целост ќе бидат набљудувани од Големиот Батка, Интернет приватноста во целост ќе ја снема.

Со ACTA, пиратеријата се криминализира, односно станува криминално дело казниво со затворска казна. Ако на некој Интернет сервис за следење на видео содржини како YouTube, Dailymotion, Vimeo и други, закачите свој видео клип со туѓа музика во позадина, или караоке изведба, или фотографија која не е ваша, истиот видео клип ќе биде отстранет од конкретниот веб сајт, по што ви следува опомена. Со 3 опомени ви следува исклучување на Интернетот, а потоа и тужба и евентуално излежување на затворска казна, доколку законската регулатива во вашата држава предвидува таква казна за такво криминално дело.

Дека ACTA мора сериозно да се сфати говори фактот дека ACTA пред се, е меѓународен договор за спречување на фалсификувањето, а не само на пиратеријата преку Интернет.

Замислете да ги откриете кулинарските тајни на главниот готвач во некој ресторан и истите да ги објавите во некој весник, на радио, на телевизија, на Интернет, или преку флаери. За ваквиот потег ќе можете да заработите тужба и затворска казна доколку ACTA биде потпишан и ратификуван од страна на државата во која живеете.

ACTA се фокусира во голем дел и за заштитувањето на научните права на фармацевтската индустрија.

Замислете некоја странска фирма да го тужи Алкалоид затоа што произведува Кафетин или Бекутан или ред други производи и да бара од Алкалоид да престане да ги произведува истите тие производи бидејќи таа странска фирма веќе патентирала производи со кристално истата содржина, но под други имиња. Алкалоид би се нашол во ситуација да бира - или ќе продолжи да ги произведува конкретните производи, но за истите ќе мора да и плаќа лиценца на странската фирма која полага научни права врз истите, или ќе мора да престане да ги произведува.

Звучи како научна фантастика ?

За жал не е, бидејќи ACTA веќе го имаат потпишано голем број држави, но за среќа сеуште не стапил на сила бидејќи сеуште не е ратификуван, односно усвоен од националните парламенти во истите тие држави.

Хелена Дрновшек, актуелната амбасадорка на Словенија во Јапонија, поради бројните протести против ACTA во Словенија, јавно им се извини на граѓаните на Словенија откако го потпиша ACTA во Токио. Во Полска и во Чешка се организираат протести против ACTA, а нешто слично е најавено и во соседна Бугарија, чијшто торент портал Zamunda ќе биде меѓу првите на отстрел доколку бугарскиот парламент го усвои ACTA.

Торент тракерот The Pirate Bay за влакно извади жива глава откако се префрли на шведски Интернет домеин, за да ја избегне американската законска регулатива која го затвори Интернет сервисот за споделување на датотеки Megaupload, кој иако беше со седиште во Хонг Конг, Кина, сепак сносеше одговорност пред американските закони бидејќи имаше свои сервери на територија на САД. Но доколку Шведска, како држава членка на ЕУ го ратификува ACTA, The Pirate Bay ќе мора повторно да се сели на некој друг странски Интернет домеин, најверојатно руски или кинески Интернет домеин бидејќи Русија и Кина засега не изразиле интерес за пристапување кон ACTA.

По затворањето на Megaupload, најкористените Интернет сервиси за споделување на датотеки како FileServe, FileSonic, UploadStation и ред други преминаа кон затворена Cloud платформа во која само корисникот кој ги закачил датотеките има право да ги симнува истите, а основачите и сопствениците на BTJunkie после 6 ипол години постоење, своеволно одлучија да го затворат BTJunkie, еден од најголемите торент портали во светот, оправдано исплашени за да не ги снајде истата судбина на основачот и сопственикот на Megaupload и неговите блиски соработници кои беа уапсени во Нов Зеланд и ги чека екстрадиција во САД, каде што треба да им се суди за бројни криминални дела против забавната индустрија, перење пари и прекршување на авторските права.

Можеме да се тешиме бидејќи Република Македонија засега не изразила интерес за пристапување кон ACTA, а за истиот допрва треба да се гласа во Европскиот Парламент во јуни 2012, но доволно ќе биде ACTA да стапи на сила во САД или во државите членки на ЕУ за да добие доволна тежина за да биде исфорсиран и во Република Македонија, бидејќи ЗАМП сигурно би го дочекале таквиот потег со раширени раце.

За жал, ретки се авторите како Паоло Коелјо кој се најде на почетната страна на The Pirate Bay, охрабрувајќи ги неговите читатели да ги симнат неговите книги бесплатно преку Интернет, а доколку уживаат во истите, да купат и легални печатени копии од истите, за да така докажат дека лакомоста на авторите не води никаде.

За поопширно да се информирате за ACTA и како можете да придонесете за негово отфрлање, посетете ги наредните веб сајтови:

http://www.stopacta.info/

http://www.stopp-acta.info/
Back to top Go down
View user profile
 

Sto e ASTA? posle megaupload sledi sve ostale :(

View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
REGISTRUJTE SE NA: http://emdt.forumsr.com/ :: Slobodno vreme :: Svaštara-